Достапни линкови

Неуставна одлуката за референдум на претседателот на Молдавија


Претседателот на Молдавија, Игор Додон.

Уставниот суд на Молдавија пресуди дека е неуставна одлуката на претседателот Игор Додон за спроведување на референдум со кој може да се зголемат неговите овластувања. Уставниот судија Тудор Пантиру изјави дека прашањата што треба да се постават во референдумот се надвор од претседателските овластувања.

Додон го потпиша декретот во март, повикувајќи на национален референдум на 24 септември на кој жителите на Молдавија ќе бидат прашани дали на претседателот треба да му се дозволи можност да го распушти парламентот и да распише вонредни избори.

XS
SM
MD
LG