Достапни линкови

Путин во еднодневна посета на Финска


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја посети Финска. Путин ќе се сретне со финскиот претседател Саули Нинисто, а двајцата лидери ќе присуствуваат на церемонијата по повод прославата на 100 годишнината од независноста на земјата од руската империја.

Посетата на Путин доаѓа за време на поморските заеднички вежби на Русија и на Кина на Балтичкото море. Финска која дели 1300 километри долж границата со Русија не е членка на НАТО, но соработува со Алијансата со години.

XS
SM
MD
LG