Достапни линкови

Руски екс министер за финансии обвинет за корупција


поранешниот руски министер за финансии и економски развој Алексеј Улиукаев

Руското јавно обвинтелство покрена обвинување против поранешниот руски министер за финансии и економски развој Алексеј Улиукаев за корупција и мито и тој ќе мора да се појави на суд. Претходно судот во Москва одби да го пушти екс министерот од домашен притвор. Нему му е забрането да го напушти местото на живеење и да контактира со други луѓе, освен со членови на неговото потесно семејство. Тој е највисок владин претставник од 50тите години на минатиот век кој е приведен, а е во домашен притвор од ноември лани. Се товари за примање мито од 2 милиона долари за зделка со рускиот нафтен гигант Ростнефт.

XS
SM
MD
LG