Достапни линкови

Постигнат договор во Конгресот за новите санкции врз Русија


претседателот на сенатскиот Комитет за надворешни односи Боб Коркер

Републиканските лидери во американскиот Конгрес синоќа соопштија дека постигнале договор со кој се отвора патот за финална акција околу законот за нови санкции врз Русија. Овој закон претходно скоро едногласно беше усвоен во Претставничкиот дом, но потоа наиде на пречки во Сенатот од сенатори кои се противат во него да бидат вклучени и санкциите врз Северна Кореја. Имено, Сенатот има предложено закон за санкции кои се однесуваат само на Русија и Иран. По неколкучасовните преговори меѓу републиканските лидери, претседателот на сенатскиот Комитет за надворешни односи Боб Коркер изјави дека бил постигнат договор со кој се надминуваат несогласувањата.

XS
SM
MD
LG