Достапни линкови

Сенатори на САД испрашуваа претставници на ФБИ


Архива - лого на Сенатот на САД.

Сенатори на САД испрашуваа претставници на Министерствоот за правда и на ФБИ за спроведувањето на клучниот закон кој ги регулира активностите за лобирање од страна на луѓе кои работат во име на странски влади. Законот за регистрација на надворешни агенти кој е донесен пред 80 години во последно време е под интензивен надзор, откако претставници на Конгресот го истражуваат наводното мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Во фокусот на сослушувањето на Комитетот за правосудство на Сенатот беа активностите на неколку руски државјани и лица со двојно државјанство.

Претседателот на Комисијата Чак Грасли го критикуваше Министерството за правда дека не истражувало дали луѓе вклучени во напори за лобирање работеле во име на руската влада.

XS
SM
MD
LG