Достапни линкови

Заев: Договорот со Бугарија ќе биде потпишан на 1 август


Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција изјави дека усвојувањето на текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија е сериозен исчекор за граѓаните на Македонија. Според него, договорот кој ќе биде објавен на интернет страницата на владата, е во согласност со националните интереси на Македонија и одговара на интересите на народите на двете земји. Договорот, како што рече, е одраз на новиот правец на политики кои градат мостови за да ги сплотат граѓаните и ќе работат на политики кои решаваат проблеми, а не бегаат од нив. Она што е значајно, според него е дека Бугарија цврсто го поддржува приемот на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Имајќи ја предвид и другата страна договорот е доведен до совршенство. Овој договор ги прави малку повеќе задоволни и двете страни“, додаде Заев.

Тој порача дека заедничката историја ќе обединува, а не разединува. Заев најави дека договорот ќе биде потпишан на 1 август во Владата на Македонија и на македонски и на бугарски јазик, согласно Уставот на двете земји.

XS
SM
MD
LG