Достапни линкови

Иран со закана до САД за новите санкции


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја ќе одговори доколку САД го усвојат новиот закон за санкции. Со новиот закон ќе се воведат задолжителни казни за лицата кои се вклучени во иранската нуклеарна програма и било кој друг што ќе работи со нив. Долниот дом на американскиот Конгрес скоро едногласно го усвои законот за воведување нови санкции врз Русија, Иран и Северна Кореја што сега треба да го одобри Сенатот.

Иранските власти сметаат дека законот го прекршува нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили, со кој Иран беше обврзан да ги намали нуклеарните активности во замена за олеснување на санкциите.

XS
SM
MD
LG