Достапни линкови

ЕУ загрижена за влијанието на новите санкции врз Русија


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека ЕУ е подготвена да дејствува соодветно во наредните денови доколку нејзината загриженост не се земе доволно во предвид во новиот закон на САД за санкциите против Русија. Според него, договорот може да има ненамерни унилатерални ефекти кои ќе имаат влијание врз интересите на ЕУ во енергетската безбедност. Тој порача и дека САД не може да гледаат на своите интереси, а интересите на ЕУ да бидат на последно место.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека законот кој вчера помина во Претставничкиот дом на Конгресот е чекор поблиску до уништување на шансите за нормализација на односите меѓу двете земји. Долниот дом на американскиот Конгрес скоро едногласно го усвои законот за воведување нови санкции врз Русија, Иран и Северна Кореја што сега треба да го одобри Сенатот.

XS
SM
MD
LG