Достапни линкови

Препорака за отфрлање на случајот против квоти на бегалци во ЕУ


Европскиот суд за правда

Адвокатот на Европскиот суд на правдата, Ивес Бот изјави дека случајот покренат од страна на Словачка и Унгарија против одлуката на ЕУ за задолжително распределување на барателите на азил треба да биде отфрлен. Двете земји поддржани од Полска се спротиставија на програмата на ЕУ од 2015 според која, секоја земја членка треба да прими одреден број на бегалци. Според нив, одлуката на ЕУ е незаконска и квотите треба да бидат поништени.

Но, Бот ги отфрла нивните аргументи, бидејќи, како што наведува, програмата помага во олеснување на притисокот од страна на барателите на азил врз Италија и Грција за време на мигрантската криза. Препораките на Бот не се правно обврзувачки, но вообичаено судот го прифаќа неговото мислење.

XS
SM
MD
LG