Достапни линкови

Владата го прифати текстот на договорот со Бугарија


Премиерот Зоран Заев.

Владата на синоќешната седница го прифати извештајот за извршените преговори и усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, соопшти владината прес-служба. Според соопштението, се определува премиерот Зоран Заев да го потпише договорот.

Од владата посочија и дека планот 3-6-9 за итните реформски приоритети се одвива со добра динамика. За три недели од вкупно 73 мерки предвидени за тримесечниот временски период, како што наведуваат, 23 биле реализирани или адресирани.

XS
SM
MD
LG