Достапни линкови

Русија со критика до САД за новите санкции


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков.

Руските власти и законодавци упатија остри критики за новиот закон со кој САД ќе спроведат нови санкции врз Москва со што ќе му се отежни на американскиот претседател Доналд Трамп нивното укинување. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека законот кој вчера помина во Претставничкиот дом на Конгресот е чекор поблиску до уништување на шансите за нормализација на односите меѓу двете земји. Според него, Властите неколку пати досега соопштиле дека таквите мерки нема да останат без одговор.

Долниот дом на американскиот Конгрес скоро едногласно го усвои законот за воведување нови санкции врз Русија, Иран и Северна Кореја што сега треба да го одобри Сенатот.

XS
SM
MD
LG