Достапни линкови

Американскиот секретар за енергетика измамен од руски шегобијци


Американскиот секретар за енергетика Рик Пери

Американскиот секретар за енергетика Рик Пери дискутирал за климатските промени и извозот на гас и јаглен во Украина за време на неодамнешно интервју со руски „пранкстер“ за кој Пери мислел дека е украинскиот премиер Володимир Гројсман. Пери всушност разговарал со Владимир Краснов и Алексеј Столијаров, познати во Русија по тоа што се претставуваат како политички лидери и како такви разговараат со познати личности, соопштија од американското министерство за енергетика. Во 2015 година тие го интервјуираа британскиот поп пејач Елтон Џон кој мислел дека му се јавува рускиот претседател Владимир Путин. Пери кој една недела претходно се сретнал со Гројсман во интервјуто вели дека администрацијата на Трамп е против рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Европа.

XS
SM
MD
LG