Достапни линкови

Врховниот суд денеска за притворите за обвинетите во „Тврдина“ и „Таргет“


седница на Врховен суд на Република Македонија

Врховниот суд денеска треба да ја објави одлуката по трите жалби на екс функционерите во УБК Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски. Претседателот на судот Јово Вангеловски изјави дека седницата што требаше да се одржи вчера била одложена поради процесни грешки во материјалите за притворите. Од Специјалното обвинителство очекуваат Врховен да ја потврди одлуката за протвор за тројцата поранешни функционери од УБК додека почне судската постапка, за да се спречи влијание врз сведоци или можно бегство. Грујевски, Јакимовски и Бошковски се обвинети во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ кои беа споени, и се товарат за прислушување и уништување на доказите за прислушувањето.

XS
SM
MD
LG