Достапни линкови

Претставничкиот дом на Конгресот усвои закон за нови санкции врз Русија


илустрација

Долниот дом на американскиот Конгрес скоро едногласно го усвои законот за воведување нови санкции врз Русија, Иран и Северна Кореја што сега треба да го одобри Сенатот. Законот е усвоен со 419 гласови „за“ и три „против“. Делот од законот кој се однесува на Русија треба да ја казни Москва поради нејзиното мешање во претседателската кампања во минатата година. Тој предизвика отпор кај претседателот Доналд Трамп и несогласување со Европската унија, бидејќи ќе има последици и врз европските компании кои имаат енергетски проекти во Русија. Трамп вложи приговор на законот, а Белата куќа соопшти дека тој се уште не решил дали ќе стави вето.

XS
SM
MD
LG