Достапни линкови

Времето денеска: сончево, попладне со локален дожд


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северните и западните делови променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 35 степени.УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степен.

XS
SM
MD
LG