Достапни линкови

Ердоган - Турција веќе не е послушна земја


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Анкара, 25 јули, 2017

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја засили својата антизападна реторика пред денешата средба на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглуи високо позиционираните претставници на Европската унија, изјавувајќи дека заврши времето на послушна Турција, која се потчинува на секое западно барање, пренесоа американските медиуми.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и министерот за ЕУ, Јомер Челик, денеска во Брисел треба да се сретнат со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Активистите денеска ја повикаа Европската унија денешната средба со турскиот министер да ја искористат за притисок врз Анкара за ослободување на нивните колеги, кои беа приведени во рамки на кампањата на турските власти врз опозицијата по минатогодишниот обид за преврат.

XS
SM
MD
LG