Достапни линкови

Американски брод предупредил ирански брод во Персиски Залив


Архивска фотографија - Персиски Залив

Од патролно бротче на американската морнарица биле истрелани предупредувачки сигнали, откако брод на иранската морнарицата дошол на 140 метри до американски брод во северниот дел на Персискиот Залив, соопштуваат од американската морнарица. Биле истрелани предупредувачки сигнали откако иранскиот брод ги игнорирал обидите за комуникација. А бродот на иранската морнарица ги игнорирал и предупредувачките сигнали.

Американските власти велат дека морало да реагираат, поради безбедноста на екипажот. Бродови на американската морнарица учествувале на обука во Заливот изминатата недела, заедно со бродови од држави кои излегуваат на Персискиот залив, а се американски сојузници.

XS
SM
MD
LG