Достапни линкови

Русија го изгласа законот за ограничувања на интернет


Во Москва на 23 јули се одржа протест против законот за ограничувања на интернет.

Рускиот Совет на Федерацијата го одобри нацрт-закон со кој се ограничува користењето на интернет провајдери, вклучително и на виртуелни приватни мрежи или VPNs. Со законот се забранува и анонимно праќање пораки преку мобилни телефони.

Нацрт-законот претходно беше одобрен од Долниот дом на рускиот Парламент. Следниот и финален чекор е предлог - законот да биде потпишан од претседателот Владимир Путин, со што може да стапи на сила. Ако Путин го потпише предлог-закнот тој ќе може да стапи на сила на 1 јануари 2018 година.

Законот предвидува на интернер провајдерите да им се нареди да ги блокираат интернет страниците кои нудат VPN и други слични сервиси, a во Русија често се користат овие сервиси за да може да пристапат на страници кои се блокирани, преку сервери во странство.

Поддржувачите на законот велат дека на овој начин ќе се спречи ширење материјали со екстремистички содржини и идеи. Критичарите, пак, велат дека власта го користи овој начин за да спречи да се искаже незадоволството од сегашните политики во државата.




XS
SM
MD
LG