Достапни линкови

Русија треба да плати отштета на еден од осудените за убиство на Немцов


Темирлан Ескерханов, осуден за вмешаност во убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов.

Европскиот суд за човекови права донесе одлука со која Русија треба да плати 6.000 евра отштета на еден човек, осуден за вмешаност во убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов.

Судот денеска пресуди дека Москва мора да му плати надоместок на Темирлан Ескерханов, кој се жалеше дека е неосновано уапсен, на начинот на транспорт во затвор и на одолговлекувањето на разгледувањето на причините за неговото притворање.

Судот ги отфрли жалбите на браќата Анзор и Шадид Губашев, кои исто така беа осудени за вмешаност во убиството на Немцов.

Немцов, беше убиен во февруари 2015 година.

Судот во Русија на 13 јули ги осуди Ескерханов, браќата Губашев и уште двајца други мажи, на затворски казни од 11 до 20 години поради убиството на Немцов.

XS
SM
MD
LG