Достапни линкови

Разрешен Вељановски од директор на Драмски, на негово место Сашо Тасевски


Архивска фотографија - актерот Сашо Тасевски

Министерството за култура донело решение за разрешување на Роберт Вељановски од функцијата директор на Драмски театар-Скопје. За вршител на должноста директор на оваа национална установа е назначен актерот Сашо Тасевски, кој е член на ансамблот на Драмски театар, соопштија од Министерството.

Во соопштението се наведуваат неколку причини за разрешувањето на Вељановски, како тоа дека во изминатиот четиригодишен период тој не спровел постапка за реаудиција, незаконски бил издаван под закуп дел од објектот на националната установа, не се водела соодветна евиденција за работното време на вработените, а досегашниот директор Вељановски донел и годишна програма за работа на установата без согласност на Управниот одбор. Министерствто соопштува дека „именувањето в.д директори се прави со цел што побрзо ослободување на клучните институции кои досега беа заробени од партиски кадри“.


XS
SM
MD
LG