Достапни линкови

Врховен и утре ќе одлучува за жалбите за Таргет и Тврдина


Архивска фотографија - Општа седница на Врховен суд на Република Македонија. Претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски.

Од Врховниот суд на Република Македонија соопштија дека и утре ќе продолжи седницата на петчлениот совет кој одлучува по жалбите против решенијата за определување на притвор донесени од Апелациониот суд Скопје по предметите познати во јавноста како „Таргет” и “Тврдина.”

Од Судот најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе ја информираат, јавноста за одлуката која ќе ја донесе советот.

Тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се жалат на одлуката на Апелационот суд, кој по барање на СЈО им определи мерка притвор. Апелациониот суд на 17 јули ја уважи жалбата на СЈО, и ги преиначи првостепените решенија на Кривичниот суд.

XS
SM
MD
LG