Достапни линкови

Убиени 10 новинари во Авганистан во 2017


Новинар од авганистанското радио Шахар. Архивска фотографија.

Авганистанскиот комитет за безбедност на новинарите соопшти дека најмалку 10 новинари биле убиени во земјата во првата половина на оваа година, што претставува зголемување од 35 отсто во однос на 2016. Според комитетот, талибанците и милитантите на Исламска држава се одговорни за најголемиот дел од директните или индиректните напади врз медиумските работници во Авганистан. Во изминатите 56 месеци, како што наведуваат, 73 случаи на насилство врз новинари биле пријавени.

XS
SM
MD
LG