Достапни линкови

Владите на Албанија и на Македонија со заедничка седница на есен


Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Министрите за надворешни работи на Албанија и на Македонија, Дитмир Бушати и Никола Димитров по денешната средба во Тирана истакнаа дека двете земји немаат отворени прашања и сакаат уште подобра соработка како единствен сигурен пат кон евроатлантските интеграции. Тие најавија одржување заедничка седница на двете влади на есен годинава во Поградец на кој ќе се разговара за заеднички проекти.

Бушати нагласи дека Албанија не сака и нема да биде пречка за која било земја во нејзините евроатлантски аспирации и посочи дека земјата е заинтересирана за стабилност на Македонија и регионот.

XS
SM
MD
LG