Достапни линкови

Апелација ги одби жалбите за „Тендери“


Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска на прес-конференција во музејот на ВМРО за случајот „Тендери“ на СЈО.

Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека се одбиени жалбите на СЈО и на обвинетите за случајот „Тендери“, кој се однесува на набавките за изградбата на музејот на ВМРО и со тоа се потврдуваат првостепените решенија на Кривичниот суд. Обвинетите во случајот меѓу кои е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, како и на уште две лица и натаму ќе им биде одземена патната исправа и ќе имаат обврска да се јавуваат во судот.

XS
SM
MD
LG