Достапни линкови

Полскиот претседател потпишал еден од трите закони за судството


Полскиот претседател Анджеј Дуда

Кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда соопшти дека тој потпишал еден од трите контроверзни закони за судството кои предизвикаа масовни протести во земјата и беа цел на критика од ЕУ. Дуда вчера изјави дека ќе стави вето на два од законите, кои неговите противници стравуваат дека ќе ја поткопаат подлелбата на овластувања и ќе овозможат поголемо влијание на владејачката партија врз судовите.

Со законот кој Дуда го потпишал, му се овозможува на министерот за правда, кој исто така е државен обвинител да ги именува судиите на сите пониски судови. Критичари соопштија дека сите три закони се неуставни и го подржаа ветото на двата закони.

XS
SM
MD
LG