Достапни линкови

Руската полиција интервенирала на протести за поддршка на Навални


Алексеј Навални

Руската полиција во сибирскиот град Кемерово ги растерала демонстрантите кои се собрале во знак на поддршка на опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој се кандидира на наредните претседателски избори во земјата. Полицијата на кратко и притворила неколку од демонстрантите, кои соопштија дека побарале дозвола за одржување на протестите, но не добиле одговор од локалните власти.

Дузина на лица кои работат на кампањата на Навални беа уапсени во Mосква и во други градови низ земјата во последните недели. Навални, кој е борец против корупцијата ја започна кампањата во март за изборите во наредната година на кои се очекува претседателот Владимир Путин да се кандидира за четврт мандат на функцијата.

XS
SM
MD
LG