Достапни линкови

Казахстан бара да се вклучи во потрагата по исчезнати студенти во Египет


Знамето на Казахстан

Казахстанското министерство за надворешни работи побара да помогне на властите во Египет во потрагата по шест казахстански студенти, кои се верува дека исчезнале во Каиро. Според министерството, тие студирале арапски јазик и живееле заедно во стан во главниот град на Египет. Студентите прекинале контакт со семејствата на 20 јули, а тие како што наведуваат од министерството, не биле приврзаници на екстремистичката исламска идеологија.

XS
SM
MD
LG