Достапни линкови

Трамп ја прекина поддршката на бунтовниците во Сирија


Американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и ставил крај на тајната програма за поддршка на бунтовниците кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад. Според него, програмата била масовна, опасна и непотребна.

Шефот на американските специјални операции, Тони Томас неодамна потврди дека операцијата која траеше четири години завршила, но негираше дека одлуката е донесена со цел да се смири Русија, која го поддржува Асад. Русија и САД се договорија да создадат зони на деескалација во јужна Сирија.

XS
SM
MD
LG