Достапни линкови

Полскиот претседател ја брани одлуката за вето на законите за судството


Претседателот на Полска Анджеј Дуда

Претседателот на Полска Анджеј Дуда во вонредно обраќање на Фејсбук објасни дека морал да стави вето на два од трите закони за реформи на сусдтвото, бидејќи било неопходно да се зачува независноста на судиите од политички притисоци. Според него, ваквата реформа го крши Уставот на земјата. Во исто време полската премиерка Беата Шидло во исто така вонредно обраќање го обвини шефот на државата дека ја одложил реформата на која полјаците чекаат над 28 години. Таа наведе дека владејачката партија „Право и правда“ нема да пошушти ни пред уличните демонстрации на десетици илјади полјаци, ни пред критиките на ЕУ и САД и оти ќе ги спроведе реформите во судството.

XS
SM
MD
LG