Достапни линкови

Ердоган: Израел му нанесува штета на целиот регион


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со емирот на Катар шеик Тамим бин Хамад ал Тани, Доха, 24.07.2017.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел му нанесува штета на целиот регион со мерките за безбедност што ги презеде во џамијата Ал Акса во Ерусалим. Говорејќи по враќањето од посетата на земјите на Персискиот залив, тој додаде дека Турција нема да дозволи да се газат исламските свети вредности. Во меѓувреме, Израел соопшти дека ќе ги отстрани детекторите за метал од џамијата и ќе ги замени со помалку видливи методи на контрола. Тие беа поставени откако на 14 јули таму беа убиени двајца израелски полицајци.

XS
SM
MD
LG