Достапни линкови

Врховниот суд денеска ќе расправа по жалбите за „Таргет“ и „Тврдина“


Седница на Врховен суд на Република Македонија.

Врховниот суд најверојатно денеска ќе расправа по жалбите за притвор во предеметите на СЈО, соопштија од судот за Радио Слободна Европа. Од Врховниот суд наведуваат и дека седницата ќе биде затворена за јавност. Тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се жалат на одлуката на Апелационот суд, кој по барање на СЈО им определи мерка притвор. Апелациониот суд на 17 јули ја уважи жалбата на СЈО, и ги преиначи првостепените решенија на Кривичниот суд.

XS
SM
MD
LG