Достапни линкови

Црна Гора се подготвува за посетата на Пенс на Подгорица


Црногорските власти во текот на последните денови подготвуваат исклучителни безбедносни мерки за посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс, на 2 август, пишуваат црногорските медиуми. Американски претставници веќе извршиле инспекција на аеродромот во Подгорица, каде ќе слета авионот со американскиот потпретседател и неговата делегација. Американците на домаќините им објасниле каков е протоколот за посетата на вториот човек на САД.

Пенс е највисоко позициониран американски политичар, кој ја посетува Црна Гора. Тоа ќе биде негова прва посета на регионот. Во Подгорица потпретседателот на САД ќе се сретне со претставници на земјите членки и набљудувачи на Јадранската повелба, што беше основана во 2003 година под покровителството на САД, а со цел да се координираат активностите за поддршка на земјите кандидати за членство во НАТО.

XS
SM
MD
LG