Достапни линкови

Протести на националистички и проевропски демонстратори во Грузија


Со јајца, шишиња со вода и навредливи зборови, но без посериозни насилства се соочија стотици националистички и проевропски демонстратори на синоќешните протести во главниот грузиски град Тбилиси. Активистите на политичката партија наречена Движење за слобода - Европска Грузија одржаа митинг порачувајќи дека руската пропаганда во Грузија е "поттикнувач на ксенофобија, агресија и насилство". Демонстрантите маршираа низ Тбилиси по истиот пат што девет дена порано го одеа ултранационалистичка и анти-имиграциска група, за време на таканаречениот "Марш на Грузијците".

Градските власти и влијателната грузиска православна црква побараа проевропски активисти да не маршираат, стравувајќи од појава на насилство. Антимиграционите демонстранти фрлија јајца и шишиња со вода и си разменуваа навреди со проевропските активисти, но полицијата спречи сериозни судири. Националистите побараа од владата да ги депортира илегалните имигранти, да ги заостри законите за имиграција во земјата и да го забрани финансирањето на граѓанското општество во странство.


XS
SM
MD
LG