Достапни линкови

Узбекистан почна да емитува 24 часовен канал за вести


Узбекистан започна да емитува 24-часовен телевизиски канал за вести што се смета за ччекор подалеку од изолацијата на земјата. Телевизијата почна да емитува програма денеска, а гледачите беа поздравени со слоганот: "Време е за Узбекистан да се разбуди". Како што е соопштено идејата за новиот канал кој ќе има извештаи на узбекистански, руски и англиски јазик била иницирана од претседателот Шавкат Мирзијаев во мај.

Бобур Алиханов, заменик-претседател на узбекистанската национална телевизиска и радио компанија, рече дека каналот ќе ги покрива вестите на "непристрасен и избалансиран начин", но ќе ја поддржува "позицијата на Узбекистан". Новиот канал планира понатаму да известува и на неколку други јазици. Откако стана претседател по долгогодишната смрт на автократ Ислам Каримов беше објавена во септември 2016 година, Мирзијаев презеде неколку чекори со цел да ја отвори кон светот изолираната милионска земја.

XS
SM
MD
LG