Достапни линкови

Инаугурација на албанскиот претседател Илир Мета


Во Тирана попладнево ќе се изврши инаугурацијата на новиот албански претседател, Илир Мета. Заклетвата, пред Уставот на Албанија и пред претседателот на Уставниот суд на земјата, Мета ќе ја даде на пленарна седница на Парламентот, закажана за 18 часот.

Пред да се обрати до нацијата, Мета прво ќе има одвоена средба со неговиот претходник Бујар Нишани, на која и официјално ќе се изврши примопредавањето на должноста. За претседател на Албанија Илир Метабеше избран во Парламентот на 28 април, а за него гласаа 86 пратеници. Мета е седмиот претседател на Албанија по падот на тоталитаризмот во земјата, кога за претседател беше избран Рамиз Алија,(кој беше и последен комунистички претседател). Него го замени Сали Бериша, по кого беше избран Реџеп Мејдани, па Алфред Мојсиу, Бамир Топи и Бујар Нишани.

XS
SM
MD
LG