Достапни линкови

Ердоган во посета на Доха


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Доха во рамки на турнејата чија цел е смирување на тензиите помеѓу Катар и неговите арапски соседи, јавуваат агенциите. Емирот Тамим бен Хамад ал Тани го пречекал турскиот претседател, но детали од посетата не се откриваат. Ердоган вчера се сретна со саудискиот крал Салман и неговиот престолонаследник Мохамед бин Салман. По Саудиска Арабија, Ердоган замина во Кувајт каде што оствари средба со емирот Сабах ел-Ахмад ел Сабах, посредник во кризата која се одвива во Персискиот залив. Саудиска Арабија, Соединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 ти јуни ги прекинаа сите односи со Катар, обвинувајќи го дека го поддржува тероризмот и одржува врски со Иран кој се смета за регионален ривал на Саудиска Арабија. Катар ги отфрли ваквите обвинувања.

XS
SM
MD
LG