Достапни линкови

Во експлозија во Пакистан 26 жртви


Жртва од експлозијата во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека најмалку 26 лица загинале, а 41 биле повредени во експлозија на прометен пат во источниот град Лахоре, кој е главниот град на покраината Пунџаб. Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќето од жртвите се полицајци и минувачи. Според министерството, се уште не се знае дали се работи за терористички напад или случајна експлозија. Лахоре често беше цел на напади од страна на милитантите во последните години.

XS
SM
MD
LG