Достапни линкови

ММФ со позитивни очекувања за светската економија


Логото на ММФ на зградата каде се наоѓа седиштето на организацијата во Вашингтон.

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека светското економско закрепнување е на поцврста основа поради подобрувањето на растот во Европа и Кина и покрај намалувањето на предвидениот раст во САД и Британија. Според ММФ, светската економија ќе оствари раст од 3,5 проценти во 2017 година и 3,6 отсто во наредната година. Морис Обстфелд од ММФ, кој го претстави извештајот изјави дека добивката на светската економија сега не е под знак прашалник.

XS
SM
MD
LG