Достапни линкови

Осуден водечки опозициски политичар во Азербејџан


Судот во Азербејџан каде беше изречена пресудата за опозицискиот политичар.

Азербејџанскиот суд го осуди на три години и три месеци казна затвор, водечкиот опозициски политичар Фаик Амирли, кој беше обвинет за предизвикување верска омраза и прекршување на правата на граѓаните под изговор за спроведување на верски обреди.

Амирли кој беше и финансиски директор на весникот Азадлик се изјасни за невин. Неговите адвокати соопштија дека пресудата е апсурна и најавија жалба. Амирли беше уапсен во август, минатата година. Истражителите соопштија дека тој поседуваал книги од исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој турските власти го обвинуваат за неуспешниот обид за пуч во земјата.

XS
SM
MD
LG