Достапни линкови

Зетот на Трамп тврди дека немал врски во Русија


Џаред Кушнер

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и советник во Белата куќа, Џаред Кушнер во соопштение пред затворената средба со членови на Конгресот наведува дека тој не се обидел да воспостави тајна комуникација со Русија во минатата година. Тој посочува дека немал несоодветни контакти и дека не се потпирал врз средства од руски фондови со цел финансирање на неговите бизнис активности во приватниот сектор. Кушнер наведува дека тој можеби имал контакти со руски претставници за време на претседателската кампања во 2016 година и во периодот на транзиција по победата на Трамп.

Демократите во САД побараа сведочење на Кушнер, а Трамп ги нарече обвинувањата „фабрикувани лажни вести“. Американските медиуми јавија дека Кушнер во декември лани зборувал со рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Кислијак за воспоставување врски меѓу Кремљ и тимот на Трамп.

XS
SM
MD
LG