Достапни линкови

Дуда ќе стави вето на контроверзните судски реформи во Полска


Полскиот претседател Анджеј Дуда

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека ќе стави вето на контроверзните закони со кои на владејачката партија и се даваат овластувања врз правосудниот систем во земјата. Предложените закони предизвикаа масовни протести во земјата и беа цел на критика од страна на ЕУ.

Станува збор за три закони кои беа усвоени во парламентот и со кои се отпушта сегашниот состав на Врховниот суд, а на негово место треба да дојдат судии номинирани од владејачката партија „Право и правда“. ЕУ се закани дека на Полска ќе и биде одземено правото на глас во Унијата доколку не ги повлече.

XS
SM
MD
LG