Достапни линкови

Турски новинари на суд за тероризам


Новинар држи транспарент пред седиштето на опозицискиот весник Кумхуријет за поддршка на обвинетите новинари.

Седумнаесет новинари од турскиот опозициски весник Џумхуријет денеска ќе бидат изведени пред суд по месеци поминати во притвор. Најголем дел од обвинетите беа притворени во октомври, минатата година откако беше воведена вонредна состојба во земјата по неуспешниот обид за државен удар во јули, за кој властите го обвинуваат исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.

Судењето на новинари и менаџери од весникот го крена алармот за слободата на изразување во земјата предводена од претседаателот Реџеп Таип Ердоган. Доколку бидат осудени, новинарите се соочуваат со казни затвор до 43 години. Тие се обвинети за протекување на државни тајни и за поврзаност со Ѓулен, како и за помагање на терористичка организација, вклучително и Курдската работничка партија.

XS
SM
MD
LG