Достапни линкови

Во напад во Кабул десетици загинати


Кабул

Во експлозија на автомобил бомба во шиитска четврт на Кабул денеска загинаа најмалку 24 луѓе, додека 40 други биле ранети, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. Експлозијата се случила во близина на автобус кој превезувал припадници на ова министерство. Се верува дека цел на нападот бил Мухамед Мокакек пратеник и припадник на хазарската заедница, бидејќи експлозијата се случила пред неговата куќа. Одговорноста за нападот ја презедоа милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG