Достапни линкови

Бројот загинати во камионот во Тексас порасна на десет


илустрација

Најмалку десет луѓе загинале во претоварен камион паркиран пред еден трговски центар во Сан Антонио во американската сојузна држава Тексас. Возачот на камионот бил уапсен, а скоро дваесет луѓе биле спасени од камионот во кој наводно имало стотина мигранти од Мексико. „Станува збор за трговија со луѓе“, изјави шефот на полицијата Вилијем Макманус, наведувајќи дека луѓето во камионот биле на возраст од дваесет до триесет години.

XS
SM
MD
LG