Достапни линкови

Вучиќ: Внатрешниот дијалог за Косово, решавачки за иднината на Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека внатрешниот дијалог за Косово е решавачки за иднината на Србија и српскиот народ.

„Време е како народ да престанеме како ној да ја ставаме главата во песок и да се обидеме да бидеме реални, да не допуштиме да го изгубиме она што го имаме, но да не чекаме дека во раце ќе ни дојде она што го загубивме одамна“, наведува тој во авторски текст, објавен во „Блиц“.

Според него, време било Србија да работи, размислува и победува без судири. Тој исто така оценува дека за напредок на Србија е неопходно решавање на косовскиот проблем.

XS
SM
MD
LG