Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Полска


Во Полска продолжуваат протестите, Варшава, 23.07.2017.

Во Полска продолжуваат протестите против законите со кои на владејачката партија и се даваат овластувања врз правосудниот систем во земјата. Во главниот град Варшава демонстрантите се обраа пред претседателската палата, барајќи од претседателот Анджеј Дуда да стави вето на законите. Станува збор за три закони кои минаа во парламентот и со кои се отпушта сегашниот состав на Врховниот суд, а на негово место треба да дојдат судии номинирани од владејачката партија „Право и правда“. ЕУ ги критикуваше законите и се закани дека на Полска ќе и биде одземено правото на глас во Унијата доколку не ги повлече.

XS
SM
MD
LG