Достапни линкови

Протест во Москва против цензурата на интернет


Демонстранти во Москва, на протест поради цензурата на интернетот. 23, јули, 2017

Стотици демонстранти денеска излегоа на улиците во Москва, на протест поради цензурата на интернетот. Тие побараа и оставка од директорот на руското тело за регулација на медиумите. Во последните години е распространета цензурата врз говорот на социјалните мрежи, а активистите сметаат дека цензурата е насочена кон неистомислениците, но се прави под изговор дека е борба со екстремизмот.

Организаторите на протестот добија официјална дозвола од московските власти. Тие повикаа да се ослободат осудените корисници на интернет услуги, кои се осудени затоа што постирале материјали на социјалните мрежи.

Протестот се случи два дена откако долниот дом во рускиот Парламент усвои предлог закон со кој се воведуваат значајни ограничувања на слободата на говор на интернет, како и надзор на онлајн активностите.

XS
SM
MD
LG