Достапни линкови

Курц бара прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ


Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц.

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“, изјави дека Брисел треба да заземе појасен став во однос на Турција, која сè повеќе се дистанцира од Европската унија.

„Мојата прогноза е дека Турција ќе се оддалечува од Европа се оствари“, посочува Курц, додавајќи дека ќе продолжи да се залага за прекин на преговорите за членство на Турција во Европска унија.

Тој наведува дека наместо да ѝ се предлага членство на Турција во ЕУ, Брисел треба да заземе појасен став кон Анкара и да се стреми единствено кон нормална соработка со неа.

„Ние не можеме да дозволиме да бидеме зависни од Турција“, потенцира Курц.

Тој, исто така, ги осуди масовните откази и апсења во Турција по минатогодишниот неуспешен воен удар.

XS
SM
MD
LG