Достапни линкови

Од пожар во Хрватска експлодираа мини останати од војната


Архивска фотографија - Пожар во близина на Сплит.

Пожар во Хрватска предизвика експлозии на 34 заостанати мини од војната. Од полноќ до осум часот утрово, одекнаа 34 експлозии од заостанати мини од војната во пожарот кој во средата вечерта од Црна Гора премина на територијата на Хрватска, јави хрватската новинска агенција ХИНА. Командантот на пожарникарите Марио Магуд, вели дека пожарникарите во текот на денот очекуваат помош од воздух. Во пожарот досега изгореа над 300 хектари шума.

XS
SM
MD
LG