Достапни линкови

Пакистански мигрант физички нападнат и ограбен од Пакистанци во Ваксинце


Илустрација: Мигранти

Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во селото Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци.

Полицијата денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во СВР Куманово од страна на дежурниот во полициската станица Сопот кој информирал дека 23-годишниот А.Ф. изјавил оти бил ограбен од тројца Пакистанци кои му одзеле 150 евра.

Од извршениот разговор со него утврдено е дека тој со група мигранти пристигнал во Ваксинце каде бил пречекан од тројца Пакистанци кои биле задолжени за пречекување и испраќање мигранти надвор од Македонија. На 21 јули околу 22 часот, тие на сите лица од групата им побарале по 2.000 евра од лице за да ги пренесат преку граница во Република Србија. Бидејќи А.Ф. немал пари, еден од организаторите го нападнал, удирајќи го со два удари по лицето, по што му ги одзел парите и го оставиле. А.Ф. е пренесен во Транзитниот центар - Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

XS
SM
MD
LG